Home Вебкафе Водено торнадо ги исплаши туристите на плажа на Халкидики (видео)

Водено торнадо ги исплаши туристите на плажа на Халкидики (видео)

Импресивна, но во исто време и застрашувачка „водена пијавица“ се формирала во неделата наутро во близина на брегот на полуостровот Халкидики во Грција.

Туристите на плажата Ксенија, во близина на селото Палиури на југот на полуостровот, веднаш ги зедоа телефоните за да ја овековечат спектакуларната глетка, а снимката брзо се прошири на социјалните мрежи.

Имено, „пијавицата“ се појавила во текот на денот и во комбинација со високата температура и влажноста формирала вртлог помеѓу „облакот од бура“ и површината на морето.

Главната причина за оваа појава е големата температурна разлика помеѓу водните површини и горните слоеви на атмосферата.

Иако се послаби од торнадата, тие имаат брзина на ветер поголема од 100 километри на час, но кога ќе стигнат до копно, тие се распрснуваат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Трендови во велнес патувања: Искусувања кои фундаментално го менуваат нашето тело, ум и начин на живот

“`html Патувањата во 2026 година повеќе не значат „заминувам да одморам малку“. Не, …