Home Шоубизнис Ќерката на Саша Поповиќ родена на посебен празник – најубавиот подарок за мајка ѝ

Ќерката на Саша Поповиќ родена на посебен празник – најубавиот подарок за мајка ѝ

Ќерката на Саша Поповиќ не е многу активна на социјалните мрежи.

Александра Поповиќ, ќерката на Саша Поповиќ, на денот на погребот се држеше многу достоинствено.

Цело време, девојката со црвена коса ги криеше солзите зад очилата, обидувајќи се да и биде поддршка на својата мајка.

Дека и е тешко, таа не мораше да каже – тоа беше јасно како ден.

Токму поради тоа, никој не очекуваше дека таа ќе се огласи на социјалните мрежи само два дена по заминувањето на нејзиниот татко.

„Сакам уште еднаш да им се заблагодарам на сите луѓе кои ни изразија сочувство. Пораките и денес ми пристигнуваат, и знајте дека ги гледам сите, но не успевам на сите да одговорам, бидејќи навистина ги има многу. Навистина ми значи што слушам колку го сакавте и почитувавте мојот татко. Ви благодарам.“ – напиша таа на својот Инстаграм.

Таа исто така додаде дека нејзиниот роденден е на 8-ми март.

„Гледам дека некои од вас денес ми честитаат роденден. Веројатно сте прочитале неточна информација во некои медиуми.“

„Роденденот ми е на 8-ми март. Уште еднаш сакам да им се заблагодарам на сите што ни изразија сочувство.“ – напиша Александра, која е родена на празник што симболизира женска борба, солидарност и сила.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Со Грашо живееше во луксузен пентхаус, а сега Данијела со инспекторот живее во ваков дом

Данијела Мариновиќ веќе две години е во љубов со Јосип Плавиќ, поранешен криминалистички и…