
Првата дама на Србија, Тамара Вучиќ, е жена со многубројни обврски на неделно ниво. Сепак, секој слободен момент се труди да го посвети на својот син Вукан.
Вукан Вучиќ, кој во јуни ќе наполни осум години, решил да ја израдува мајка си за 8 Март.
МАМО, ТЕ САКАМ – ЕМОТИВНАТА ПОРАКА НА ВУКАН ВУЧИЌ ЈА ВРАТИ СИЛАТА НА ПРВАТА ДАМА ВО НАЈТЕШКИОТ МОМЕНТ
Вукан ја нацртал својата мајка, а првата дама откри како ѝ го предал овој пресладок подарок.
“Јас, кој не знам баш убаво да цртам, многу се потрудив затоа што те сакам”, ми рече синот утрово додека ми ја подаваше оваа прекрасна честитка – напиша Тамара, која на сите жени им го честиташе 8 Март.
Првата дама често објавува фотографии на Инстаграм, а така еднаш сподели како го поминува времето со синот: заедно спортуваат, учат, а посебно уживаат да играат домино, што е една од омилените активности на малиот Вукан Вучиќ, кој на тој начин, преку игра, ја развива својата логика.