Home Актуелно Казна затвор од пет години му виси на вевчанецот кој јавно упатуваше навреди кон деца со аутизам

Казна затвор од пет години му виси на вевчанецот кој јавно упатуваше навреди кон деца со аутизам

Ранко Србаковски од Вевчани, кој изминатиот викенд на социјалната мрежа „фејсбук“ упати расистички и ксенофобични пораки кон штипјанецот Зоран Мијалков, татко на две деца со аутизам, може да добие казна затвор од една до пет години.

Србакоски ја згрози македонската јавност со пораки упатени на сметка на Мијалков и на неговите две деца, а во кои во дел пишува дека се товар на државата поради нивниот атипичен развој.

Штипјанецот Мијалков посочува дека не е првпат да добива вакви пораки, па најави дека случајот ќе го пријави во полиција, а вчера тоа го стори и првата детска амбасада „Меѓаши“, потврди Клементина Добревска.

„Во врска со овој случај во текот на вчерашниот ден Меѓаши реагираше до МВР и Одделот за компјутерски криминал по основ ширење на говор на омраза и насилство преку социјалните медиуми, согласно Член 394 од Кривичниот законик“, вели Добревска.

Од МВР за МИА потврдија дека пријавата ја добиле во текот на вчерашниот ден

„Ве известуваме дека до Секторот за компјутетрски криминал е пристигната пријава за лицето Р.С од страна на Детската амбасада ‘Меѓаши’. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во одговорот од МВР.

Од „Меѓаши“ побараа институциите навремено да реагираат, а истовремено упатија апел и ги охрабрија родителите да ги пријавуваат случаите за социјален линч кои се повеќе се зачестени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…