Казна од по 2.000 евра за 40 прилепчани кои го прекршиле полицискиот час


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд Прилеп поднесе предлози за изрекување казни против 40 лица од Прилеп за непочитување на мерките на Владата во услови на пандемија и прекршување на полицискиот час.

„Сите обвинети не ги почитувале мерките на Владата за спречување на Ковид-19 во одделни кривично-правни настани во временскиот период од 10 до 16 април. Обвинителството на надлежниот суд му предложи за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од 20 евра во денарска противвредност“, соопшти Обвинителството.