Со кауција од 75.000 евра пуштен на слобода – нема екстрадиција за Пучдемон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Државниот суд во Шлезвиг-Холштајн донесе пресуда за пуштање од затвор на каталонскиот лидер Карлес Пучдемон со одредување на кауција.

Тоа претставува тежок удар за Мадрид, но судиите во државниот суд во Шлезвиг-Холштајн „веруваат дека во однос на обвиненијата за побуна, екстрадицијата е нелегална“, бидејќи Пучдемон лично не бил вмешан во насилствата за време на референдумот за независност во Каталонија од минатиот октомври, се вели во соопштението.

На тој начин неговите постапки не се казниви според германскиот закон, рекоа судиите, отфрлајќи го аргументот на обвинителите дека шпанското обвинение за побуна е слично со германскиот закон за „велепредавство“ за да се оправда екстрадицијата, пренесе АФП.

Државниот суд во Шлезвиг соопшти дека е одредена кауција во износ од 75.000 евра за 55-годишниот поранешен претседател на шпанската покраина Каталонија.

Мадрид го обвинува Пучдемон и за злоупотреба на јавни средства, а германскиот суд соопшти дека ќе ја разгледа можноста за негова екстрадиција по таа основа.

Пучдемон беше уапсен во Германија на основа на шпанската потерница, кога на 25 март се обидел да премине од Финска во Белгија, каде што моментално живее.

Извор: Мкд.мк