Home Вебкафе „Кароши“ – прескапата цена која јапонските работници ја плаќаат со живот

„Кароши“ – прескапата цена која јапонските работници ја плаќаат со живот

31-годишниот Јукинобу Сато од Јапонија, поради преголем стрес на работното место во рамки на сателитскиот проект за Цаксу, каде му била дадена недостижна цел заради која работел 70 часови неплатено, изврши самоубиство во 2016 година. Адвокатот кој го претставува семејството на Сато рече дека работел смени од 16 часа.

Властите потврдија дека „кароши” (смрт од прекумерната работа) е причина за смртта на Сато, објави весникот Асахи Шимбун. Работодавецот на Сато рече дека ќе преземе мерки во иднина за да ги спречи ваквите инциденти.

Јапонија воведе закон со кој се обидува да спречи навики работното време да трае подолго од пропишаното.

Законот што стапи на сила оваа недела ја ограничува прекувремената работа до 45 часа месечно или 360 часа годишно.

Компаниите што ги прекршуваат правилата ќе бидат казнети со парична казна до 300.000 јени (нешто над две илјади евра).

Се проценува дека околу 200 смртни случаи во 2017 година се поврзани со прекумерна работа во Јапонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Маса за една личност: Зошто вистинското уживање е да јадеш сама во ресторан?

Од општествена осуда до вистинско уживање во времето на самотија Сѐ почесто, психолозите и…