Home Актуелно Карл Билд во Скопје на разговори со партиските претставници

Карл Билд во Скопје на разговори со партиските претставници

Копретседавачот на аналитичкиот институт Европски совет за надворешни работи Карл Билд престојува во Скопје на разговори со претставници на политичките партии во врска со кризата во Македонија.

ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Беса потврдија дека нивни претставници денеска ќе имаат средби со Билд. Од Кабинетот на претседателот на Македонија информираа дека било побарано Карл Билд да се сретне и со Ѓорге Иванов, но оти денешната негова агенда била поинаква.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…