Home Спорт Кариус добил смртни закани, го чува полицијата!

Кариус добил смртни закани, го чува полицијата!

Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус е во центарот на вниманието после катастрофалните грешки во финалето од Лигата на шампиони против Реал Мадрид.

Англиската полиција отвори истрага откако Кариус после споменатото финале и катастрофалните грешки доби смртни закани, пренесуваат англиските медиуми.

Навивачите на Ливерпул беа прилично бесни на својот голман, а на социјалните мрежи му испратија низа на смртни закани.

„Ќе ја убијам твојата девојка“, „Се надевам дека целото твое семејство ќе умре“, „Твоите синови заслужија да умрат од рак“, гласат само некои од бројните заканувачки коментари на сметка на Кариус и неговото семејство.

„Сакаме да ставиме до знаење дека интензивно ја следиме состојбата околу Лорис Кариус и заканите упатени на негова адреса. Ова е многу сериозна ситуација и ќе ги преземеме неопходните чекори“, објавија од полицијата.

Инаку, германскиот голман му „поклони“ два гола на Реал Мадрид и беше најголем виновник за поразот на „црвените“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…