Актуелно

Кардиналот и благајник на Ватикан, Џорџ Пел, сослушан за обвинението за педофилија

Благајникот на Ватикан, кардиналот Џорџ Пел бил сослушан од страна на претставници на австралиската полиција во Рим, во врска со обвинението за педофилија што било поднесено против него.

Полицијата во јули почна истрага за Пел. Тројца полицајци минатата недела допатуваа во Рим, за да извршат распит во врска со обвинението за сексуално злосторство – стои во соопштението на полицијата на австралиската сојузна држава Викторија.

Истрагата за свештеникот, која сѐ уште трае, била отворена поради обвиненијата од двајца мажи на 40-годишна возраст, кои тврдат дека биле малтретирани од кардиналот во текот на летото 1978-1979 година на базенот во Баларат, местото каде што работел и пораснал Пел.

Кардиналот, кој во 2014 година е назначен за благајник на Ватикан, за да стави ред во управувањето и финансиите, категорично ги отфрла обвиненијата и тврди дека е жртва на заговор против него. Пред неколку месеци Пол сведочел преку видеоврска од Рим пред австралиската истражна комисија.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top