Home Шоубизнис Кардашијан сакаше да одаде почит на жртвите во Манчестер, па се ИЗБРУКА!

Кардашијан сакаше да одаде почит на жртвите во Манчестер, па се ИЗБРУКА!

Американската старлета Ким Кардашијан сакаше да им одаде почит на жрвите во Манчестер, но се најде на мета на незапаметени критики, па набрзо ја избриша сликата од Твитер која ја постави, но беше прекасно.

„Се молам за сите во Манчестер. Ова е навистина бесмислено и срцето ми се кине. На концертите би требало да се чувствувате сигурно и да се забавувате. Застражувачки е тоа што не можете да се чувствувате сигурно во светот. Те сакам Аријана Гранде“, напиша Ким и постираше слика која ги разбесни фановите.

Имено на фотографијата се Ким, нејзината полусестра Кендал и Аријана Гранде како насмеани се забавуваат на концертот на Канје Вест.

Веднаш почнаа критиките на сметка на Кардашијан, а некои ја обвинија дека трагедијата ја искористила за сопствена промоција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …