Кандидат за промашување на годината: Не погоди празна мрежа од пет метри! (видео)

promasuvanje

Репрезентацијата на Србија вчера одигра пријателски натпревар против селекцијата на Чиле во рамките на припремите за Светското првенство во Русија.

Натпреварот заврши со минимална победа на Чиле од 0:1.

Комичен момент на оваа средба се случи во 75 минута кога Ангело Енрикез промаши празен гол од само неколку метри. Неговото промашување брзо се рашири, а како сето тоа изгледаше погледнете во видеото под текстот.