Калајџиев: Министерот за правда да каже како е можно да има меѓународна истрага за пресудени судски предмети


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се моли министерот за правда да објасни како тоа ќе има меѓународни истраги за пресудени предмети?!, со ваков статус професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, реагираше на Фејсбук по договорот меѓу премиерот Зоран Заев и Африм Гаши, да има меѓународна истрага за неколку завршени судски случаи за кои двајцата оцениле дека „има политичка импликација“.

Многумина оценуваат дека невообичаено е резултатот на политичките преговори за извршната власт, да биде донесен заклучок за судската власт.

Портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани вчера изјави дека Заев и Гаши се договориле Владата да побара меѓународна истрага за судските пресуди каде што има сомневања за политичка импликација како што се Монструм, Алфа, Диво Насеље, случајот со Алмир Алиу…

Денеска обајцата појаснија дека Владата ќе испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои ќе извршат меѓународна истрага на процеси за кои постојат сомневања дека врз нив било вршено политичко влијание, како што се: Монструм, Алфа, Диво Насеље, малиот Алмир…