Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
За да не ја менува патната исправа Турчин со пенкало си го поправил датумот на важност и се обидел да помина на граничниот премин Стар Дојран. Од полицијата велат дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
„Вчера во 03.50 часот на граничниот премин Стар Дојран, полициски службеници го лишиле од слобода Е.И.(56) од Република Турција, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека датумот на важност на неговата патна исправа бил преправан со пенкало. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.