Home Спорт Каков луд храбар потег и поен на Алкараз во најдолгиот меч во историјата на УС Опен (снимка)

Каков луд храбар потег и поен на Алкараз во најдолгиот меч во историјата на УС Опен (снимка)

Воепска и исцрпувачка битка, шпанската тениска ѕвезда во подем Карлос Алкараз го совлада Јаник Синер во четвртфиналето на УС опен. Се одигра најдолгиот меч во историјата на отвореното првенство во Њујорк, долг 5 часа и 15 минути со луди пресврти.

Големата тениска надеж со 19 години стана најмладиот полуфиналист на еден Гренд слем турнир од 2005-та па наваму и тоа откако последен пат тоа го стори неговиот сонародник Рафаел Надал.

Алкараз одигра јуначки натпревар. Губеше 2:1 во сетови и спаси меч топка при водство од 5:4 на Синер, а потоа му направи брејк и со 7:5 го израмни резултатот на 2:2 во сетови.

И покрај тоа што Италијанецот подобро го отвори решавачкиот сет и направи брејк за предност од 3:2. Шпанецот направи уште еден лудачки пресврт за конечни 6:3.

Погледнете ја оваа атракција од зад грб, број 1 на турнирот, па и на годината.

Во свое прво Гренд слем полуфинале во кариерата противник ќе му биде Френсис Тиафо кој со 3:0 го совлада Рубљов. Другата полуфинална битка ја сочинуваат Каспсер Руд и Карен Хачанов.

Еве уште неколку јаки потези и поени на Алкараз.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…