Спорт

Каков Азар, каков Мбапе – Реал потпиша најголемо засилување!

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид му понуди на тренерот Зинедин Зидан продолжување на договорот до 2020 година, без оглед на учинокот на тимот на крајот на сезоната, пренесе добро информираната „Марка“.

Весникот наведува дека желбата на Флорентино Перез е да го обврзи Зидан на долги стази, па Французинот има одврзани раце да го потпише новиот договор кога ќе посака.

Договорот најверојатно нема да биде официјализиран пред 3. Јуни кога на програмата е финалето во Лигата на шампиони помеѓу Реал и Јувентус.

Зидан во јануари 2016 година го презеде кормилото на „кралевите“ од Рафа Бенитез и веднаш ја освои Лигата на шампиони, а оваа сезона стигна до финалето и е во пол позиција да ја освои Примера.

Advertisements
To Top