Home Актуелно Како во пеколен хорор: Бремени уште две малолетни штитенички од „25-ти мај“

Како во пеколен хорор: Бремени уште две малолетни штитенички од „25-ти мај“

Скандалот кој како да е излезен од некоја филмска приказна на ужасот, поврзан со малолетните штитенички од домот „25-ти мај“ продолжува да ја тресе и вознемирува јавноста.

Уште две малолетни девојчиња од ЈУ „25 Мај“ се трудни. Едното ја прекинало бременоста, но второто не сака да абортира и инсистира да го роди бебето, дознава „Независен весник“.

Засега уште не е официјално потврдено дали и овие две малолетнички биле злоупотребувани, како што беше случајот со 13-годишното девојче кое ја дигна јавноста на нозе.

Веста за уште две трудни девојчиња од „25 Мај“ за „Независен весник“ ја потврдија и од Клиниката за гинекологија, каде што се води бременоста на децата.

„Едното девојче за кое медиумите веќе пишуваа, како и уште едно друго, се ‘затворени’, односно бременоста им е прекината. Третото девојче има 17 години и не сака да абортира. Навистина, не би сакале да ги жигосаме тие деца со кои судбината грубо си поиграла. Да им ја видите само болката во очите… Од наша страна е направено сѐ прекинот на бременоста да биде изведен најпрофесионално за децата во иднина да немаат репродукциски проблем, кога веќе психолошки се оптоварени“, велат од Клиниката за гинекологија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…