Живот

„Комплицирано е“: Вистината позади оваа Фејсбук опција нема да ви се допадне!

Сигурно веќе сте виделе некој од вашите пријатели да ја има избрано оваа опција за да го опише љубовниот живот. Меѓутоа што тоа навистина значи?

За многумина е полесно да стават „комплицирано е“ на Фејсбук, отколку да признаат дека се наоѓаат во дисфукнкционална врска. Истражувачите велат дека вистината е помалку комплицирана, и дека луѓето би требало да сфатат дека нивната врска е при крај.

Од друга страна, сите врски се комплексни, а ние сме тие кои додатно ги комплицираме. Затоа пробавме да ги согледаме сите можни сценарија зад оваа опција.

Еве што би требало да стои на местото за врска на Фејсбук:

  • Ако сте во прак и во процес на развод, еднсотавно одберете ја опцијата „разведен“. Ако е потребно некој да знае детали, веројатно веќе ја знае вистината. Личностите кои напорно работат на својот брак, или пробуваат да го спасат, би требало да стават „во брак“.
  • Ако секој пат кога ќе се скарате со партнерот ставате статус „комплицирано е“ – тогаш треба да пораснете и да престаните да барате внимание на тој начин. Работите не се толку комплицирани, ако не оди – раскинете. Или пак, започнете да работите на вашата врска.
  • Ако од неодамна сте раскинале , тогаш сте „сингл“. Не е важно дали таа личност и понатаму ви се допаѓа, повеќе не сте заедно.
  • Ако врската е завршена, а вие и понатаму имате секс со партнерот, работите не се комплицирани – вие сте пријатели со привилегии.
To Top