Како влијаат родителите кои пред детето приоритет ставаат на „ШТЕТНИТЕ АПЛИКАЦИИ“?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сите деца го следат примерот кој им го даваат нивните родители, а тоа важи и кога се во прашање навиките за користење на паметните уреди.

Низа истражувања укажуваат на тоа дека забавувањето на родителите со игри на мобилниот телефон наместо да го гледаат нивното дете, на пример, како градат кула во песокот, штети на меѓусебниот однос.

Тоа потоа може да доведе и до проблеи во однесувањето на децата. Недоволната поддршка и комуникација со родителите резултира со фрустрации или хиперактивност. Децата плачат, се лутат и покажуваат бес.

Кога родителот е загледан во екранот на мобилниот телефон, тој практично го запоставува своето дете. Комуникацијата е прекината и тоа влијае личноста во развој да се чувствува отфрлено и несакано, што натаму доведува до други несакани последици во однесувањето и општата ментална состојба.

За жал, ваквите ситуации воопшто не се ретки во денешно време, кога сме, може да се каже, зависни од технологијата и од своите паметни телефони.

Многу родители на овој начин компензираат незадоволство во реалниот живот, и мислат дека се опуштаат и одмараат додека играат игри на телефонот или се активни на социјалните мрежи.

Некои истражувања во оваа обласр покажаа дека родителите што повеќе се незадоволни со реалноста, тоа повеќе се посветуваат на дигиталната технологија.

Работите одат до таму што некои родители се одмораат од сопствените деца, заборавајќи колку за растот и развојот е клучно нивното физичко присуство.

За ова да се спречи, родителот најпрво треба да биде свесен што се случува додека само „сурфа“ преку својот мобилен телефон и таблет.

Во тие моменти детето гледа како личноста која најмногу ја сака е посветена на нешто сосема друго. Затоа, наместо читање вести преку апликации, би било подобро родителите да читаат весник или магазин, бидејќи постои ризик да се препуштат на содржината.

Слободното време треба да биде што повеќе посветено на децата, градењето на заеднички спомени и зацврстување на блискоста.