Груевски: Со политичка директива утре ќе ме прогласат за виновен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екс премиерот и екс лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на прес конференција во Собранието најави дека утре ниту тој ниту неговите адвокати нема да се појават на јавната седница на Апелација каде што ќе се одлучува по неговата жалба за двегодишната казна затвор за набавката на мерцедесот во случајот „Тенк“.

-Нема да бидеме декор на однапред инструирана пресуда и на однапред донесена полтичка одлука за овој случај, рече Груевски, додавајќи дека него не го суди судот, туку политиката.

Груевски потоа опширно зборуваше за, како што ги нарече, политичките притисоци врз судиите кои треба да ја донесат оваа одлука.

-Имам сигурни сознанија дека на 30 август откако се одложи седницата на барање на моите адвокати, бидејќи беа на друго сидење, в.д. претседателката на Апелација, откако врз неа била направено политичко влијание ги повикала сите судии еден по еден со дирекно барање седницата наредниот ден по секоја цена да биде одржана и да донесат осудителна пресуда со цел да бидам затворен најбрзо што може, рече Груевски, додавајќи дека според негови сознанија имало дури предлог да му се намали казната на под една година затвор, за да не може да се жали на Врховен суд.

-Планот бил на 31 август да почне и да заврши, а на 7 септември да се објави пресудата што можеби и ќе се случи, но може и да има мала промена, бидејќи поради предолгото траење на таа седница, продолжението е пролонгирано за утре 5 септември. Имам сознанија дека инструкциите се добиени од многу повисока инстанца, од многу значаен фактор и барала секој судија да потврди дека ќе гласа според нејзината сугестија, а ако не може, да се повлече, рече Груевски.

Според него, повеќето од судиите првично се спротивставиле. Но, на крајот само еден судија останал на тоа и потоа бил сменет и заменет со друг судија, што според Груевски е спротивно на АКМИС системот. И затоа неговото барање да се испита дали изборот на судии е според АКМИС системот било одбиено, рече тој.

Тој потсети дека во петокот му бил закажан термин на седница кога сите негови адвокати присуствувале на друго рочиште за настаните од 27 април, каде судијка е Добрила Кацарска, а нему како што рече му бил потребен целиот адвокатски тим , бидејќи бил ангажиран за различни сегменти од одбраната.

-Намерата беше да останам сам, да може полесно да се протурка седницата. Уште поинтересно е дека за продолжението за седницата за утре пола мои адвокати се повикани на друго рочиште каде судијка е Кацарска, рече Груевски.

Потоа тој говореше дека нема докази за ниту едно криминално негово однесување во предметите.

-Власта зборуваше дека се украдени милиони и милијарди, ги прашувам сега каде се милијардите?, рече Груевски, додавајќи дека нема ниту едно дело за корупција и затоа како што рече сега му судат во процес „во кој сум обвинет дека сум сакал да се возам во блиндирано возило“, додавајќи дека намерата е да биде затворен во предвечерието на референдумот.

Тој упати порака со судиите дека ако дозволат да надвладее политичката директива, „ќе ме направите мене поголем, а вие ќе останете помали“.

-Се работи за искусни судии, но тие се во моментов се под огромен политички притисок, рече Груевски на прес конференцијата, додавајќи дека ова е „дно на сите дна, до кое е доведено политизираното судство во државата“.

Тој уште рече дека ова време ќе помине и ќе дојде време кога народот ќе ја врати власта и ќе се преиспиа, како што рече нивното работење.

На информациите што беа објавени преку документ на Викиликс дека во 2008 година се согласил на промена на името на државата, рече дека се тоа „јалови обиди на власта“.

-Секому му е јасно зошто сум пред судот. Ако се Грците, денес ќе беше друга песна, рече тој.

Груевски не дозволи прашања од новинарите и најави дека за тоа ќе има други денови.

Извор: НоваТв