Како виното влијае на вашиот сексуален живот

како виното влијае на сексот

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во неодамнешни студии што група лекари ги спроведоа во Италија, откриено е дека луѓето што секојдневно конзумираат една до две чаши црно вино имаат подобар и задоволителен сексуален живот.

Научниците од Универзитетот во Фиренца извршија истражување на 800 испитаници во возраст од 18 до 50 години. Дојдоа до заклучок дека оние кои имаат навика секојдневно да конзумираат мали количини (една до две чаши) црно вино, повеќе уживаат во сексот отколку тие што не пијат. Ова посебно важи за жените.

Акцентот беше ставен на истражувањето на сексуалниот апетит, оргазмот и задоволството што луѓето го известуваат при сексуална активност.

Количината вино што ја пиете е поврзана со задоволството. Занимливо е дека задоволството е поврзано и со количината конзумирано вино…

Оние што пијат две чаши црно вино во просек го оцениле квалитетот на својот интимен живот со 27,3 поени, Оние што пијат само една чаша добиле во просек 25,9 поени. Кај оние кои никогаш не пијат вино – просечната оцена на задоволството изнесувала 24,4 поени. Ова се особено однесува на жените… Водачот на истражувачкиот тим д-р Николо Мондиани на тој начин изјави: “Овој резултат е заснован и на историските факти, бидејќи долго време и древните Грци знаеле дека врската помеѓу виното и сексуалноста е досега доста јака. Жените кои умерено пијат вино имаат подобар и посреќен сексуален живот. Сепак, овој аспект уште не е доволно истражен, па треба да се направат дополнителни истражувања на оваа тема, за да се види дали навистина постои толку јака врска помеѓу виното и сексуалноста.”

Уште едно интересно значење до кое се стигна преку ова истражување е дека поголемиот број на старите жени се задоволни со својот сексуален живот отколку помладите.