Home Вебкафе Како успеа бе, дедо?! (снимка)

Како успеа бе, дедо?! (снимка)

Според информациите кои ги пренесе Фокс 13, постар возач на Кадилак застанал на шалтер за банка за драјв- ин услуга, а работите тргнале наопаку кога случајно тргнал наназад.

Откако автомобилот се вратил наназад, збунетиот возач не ја извадил ногата од гасот. На крајот полетал, прелетал низ крстосницата и завршил на покрив на две паркирани возила.

Кадилакот е минимално оштетен, додека паркираните Доџ и Фолксваген претрпеа значителна штета.

Добрата вест е дека никој не е повреден во оваа несреќа. И ова се случило на првиот ден од излегувањето од карантинот. Еве и снимка од чудното управување на возилото од страна на дедото.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Можеш ли да препознаеш токсична личност за само 5 минути? Експертите велат – да, можно е!

Можеш ли да откриеш дали некој е токсичен за само 5 минути? Стручњаците велат – да, можеш!…