Home Спорт Како пропадна еден од најголемите таленти во фудбалскиот свет

Како пропадна еден од најголемите таленти во фудбалскиот свет

Со само 32 години остана без клуб иако го носеше епитетот еден од најголемите таленти во фудбалскиот свет.

Маруан Чамак на 32 години остана без клуб откако го раскина договорот со Кардиф Сити. Мароканецот минатиот октомври стогна во велшкиот клуб, но не се снајде баш најдобро. Настапи на само два натпревари, а на терен помина вкупно 46 минути.

За неговите одлични игри слушнавме уште кога играше во Бордо каде ја освои шампионската титула и се пресели во Арсенал. Венгер во него виде напаѓач кој долги години ќе го носи дресот на Арсенал, но не беше така.

Во три сезони во славниот лондонски клуб не покажа готово ништо, и во тие моменти неговата кариера тргна во надолна линија.Прво беше позајмен во Вест Хем, каде воопшто не играше, а потоа премина во Кристал Палас, каде во три сезони постигна само седум гола во 60 настапи.

04-01samak2

Овој 32-годишен напаѓач кариерата ја започна во Бордо каде се афирмираше и си обезбеди трансфер во Арсенал. Меѓутоа не се снајде најдобро меѓу „топџиите“, па преку Вест Хем стигна до Кристал Палас каде беше се до 2016 година.

За репрезентацијата на Мароко постигна 18 гола на 65 натпревари…моментално е без клуб!

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…