Како на порно филм: Ѕирнете во најразвратниот клуб на светот (18+)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Освен ако се немате поблиску запознаено со BDSM (bondage, discipline, dominance and submission, sadomasochism) сцената, Torture Garden како име веројатно не ви значи ништо. Но, ако се „палите“ на кожа, латекс и врзување, Лондон веројатно би ви бил вистински еротски аџилак бидејќи го има најголемиот фетиш клуб на светот.

Славниот клуб постои од 1990 година и до денес има превидено и поминато сè и сешто, а нивната просечна журка за „обичните смртници“ делува како најмрачна сексуална перверзија.

Од друга страна, ако сте малку поотворени и со пошироки сексуални погледи, несклони кон малограѓанското оговарање, сето ова би можеле да го дефинирате како денес веќе вообичаена комбинација од BDMS, мода, уметнички перформанс, забава со електронска музика и отворена сексуалност.

Клиф Џоан од Vice минатата година направи репортажа за овој клуб, со која ја приближи атмосферата која владее внатре за надворешниот свет.

„Наидов на маса на која жена со дијамантски градник имаше секс со еден тип. Таа беше прекрасна, тој одлично граден. Не бев сигурен кој од нив двајца повеќе ме пали. Околу нив се собра многу народ, мажи и жени кои ги набљудуваа. Некои се бакнуваа, но никој не ја искористи приликата да направи нешто непримерно. Едноставно ги гледаа нив двајца како се сексаат, а парот уживаше во вниманието. Жената не ми делуваше оросписки или курвински, како што би помислиле некои кои сакаат да осудуваат жени кои отворено уживаат во својата сексуалност. Целосно доминираше и владееше со ситуацијата, го контролираше и типот и публиката“, опишува Клиф.

Еден од сопствениците, Дејвид Вуд, тврди дека нема причини за загриженост: „Никогаш не сум посакувал Torture Garden светот да го направи поубаво место. Сакав да го направи поинтересно и понекогаш поопасно, што може да предизвика и возбуда. Некои на сето ова гледаат како на нешто негативно и опасно, но во контекст на фетиш клубовите секогаш сме се залагале за слобода на изразување. Облекуваме костими и се трансформираме, истражуваме, експериментираме со сексуалноста и фантазиите, но почитта и согласноста се клучни во секој момент. Овој тип на клубови и понатаму се најотворени, владее атмосфера на почит и пријателство и безбедно е – особено за жени“.

Но, и покрај тоа, поголемиот дел од општеството и тоа како е склоно на осуда за овој клуб кој денес е сместен во преуредената црква Свети Матеј во Брикстон.