Како на филм: Преживеала шест дена без бели дробови


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мелиса Бено мислела дека сонува, кога дознала дека лекарите и ги извадиле двете белодробни крила и дека без нив преживеала цели шест дена.

Бено, која е родена со цистична фиброза, стигнала во болница во Торонто со силна инфекција на белите дробови. Лекарите сфатиле дека и останале само неколку часа за живот и се одлучиле на потег без преседан.

„Тоа беше тешка одлука, бидејќи зачекоривме во непознат терен”, рече д-р Нијал Фергусон од Универзитетската здравствена мрежа, на здравствената организација одговорна за Општата болница во Торонто.

Нејзините бели дробови повеќе не можеле да се лечат и единствено решение било трансплантација, но нејзината состојба така забрзано се влошувала и органите почнале по ред да откажуваат. Лекарите поради тоа се одлучиле да ги извадат двете белодробни крила во надеж дека така ќе го отстранат изворот на бактериската инфекција, која почнала да се шири во нејзиното тело.

Операцијата за отстранување на белите дробови траела девет часа, а лекарите велат дека биле толку воспалени и преполни со исцедок, што вадењето барало и многу сила. Нејзината состојба се подобрила само по неколку часа од операцијата, крвниот притисок се нормализирал и мали вештачки бели дробови се поврзале со срцето на Мелиса.

Лекарите не знаеле дали и колку долго таа ќе преживее во таква состојба, но по шест дена е најден донатор и Бено успешно била подложена на трансплантација. Од тогаш нејзината состојба значително е подобрена и сега дури и се движи со помош на штаки. Поради инфекцијата сега има оштетени бубрези, но Бено се надева дека наскоро доволно ќе зајакне, за да може да добие нов бубрег од мајката.