Home Спорт Како гром од ведро небо: Мурињо пронајде нов клуб!?

Како гром од ведро небо: Мурињо пронајде нов клуб!?

Шпанскиот клуб Валенсија се наоѓа во тешка криза и превирања во раководството.

Сингапурскиот сопственик Петер Лим побара поголема моќ при трансферите, што не му се допадна на директорот Матео Алемања, па веднаш најави заминување од клубот.

Тоа може да предизвика „домино ефект“, па од клубот да си замине и генералниот директор Пабло Лонгориј, но и тренерот Марселињо, кој во изминатите две години ја предводеше Валенсија.

Неговата замена е веќе спремна, а станува збор за Жозе Мурињо! Португалскиот стратег кој веќе подолго време е без ангажман е спремен да се врати во Примера.

Сопственикот Лим е голем пријател со агентот Жорге Мендеш, па успеал да му даде финансиски гаранции и заедно да го убедат Мурињо да седне на клупата на „лилјаците“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…