Како да направите алкална вода дома

Како да направите алкална вода дома

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Киселоста на телото е главната работа што доведува до појава на рак…

Ph вредност од 7 е неутрална. Сè што е над таа вредност се смета за алкално, додека нешто под таа вредност се смета за кисело. Неопходно е вашите води да бидат во алкална скала, бидејќи тоа е знак дека тие позитивно влијаат на вашето тело. Ако пиете вода која е кисела, го ставате телото во кисела состојба, што може да доведе до појава на клетки на рак и други болести.

Водата што ја пиеме од чешмата не е лоша, но нејзината PH вредност може да биде малку повисока за да ни обезбеди подобро здравје. Затоа ќе ви објасниме како дома да направите алкална вода која можете да ја пиете во текот на денот и која ќе ви помогне да бидете многу поздрави.

За да направите алкална вода ви требаат:

  • 2 литри прочистена филтрирана вода
  • 1 лажица розова хималајска сол
  • 1 лимон
  • голема тегла

Истурете вода во тегла, ставете го исечениот лимон заедно со кората. Додадете сол. Затворете ја теглата и оставете ја да отстои 12-24 часа на собна температура. По ова време, водата е подготвена за пиење.

Кога ќе се разбудите наутро, испијте една чаша на празен стомак, а во текот на денот можете да пиете вода колку што сакате за да ги задоволите вашите дневни потреби.