Како бил Зијадин Села газен врз главата – објавен клучниот доказ во случајот за обидот за негово убиство


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Целиот во крв, без знаци на живот, Села лежи покрај лифтот, а еден од обвинетите се доближува до него и со еден силен удар со нога го згазнува врз глава – ова е дел од материјалот од клучниот видео доказ за обидот за убиство на Зијадин Села, кој беше презентиран во рамки на рочиштето од судскиот процес за овој случај.

По силниот удар, останатите обвинети кои исто така се покрај Села се обидуваат да го кренат, а тогаш добива втор удар од Оливер Осавковски, кој со нога го удира во рамото. Бидејќи Села не може да застане на нозе повторно паѓа на подот. Во тие моменти повторно се враќа обвинетиот Кире Георгиевски, кој според оценката на судијката е бесен и агресивен, но сепак не го удира повторно.

Овие критични минути за Села биле регистрирани и од обвинетиот Осавковски, кои исто така беа презентирани, но кога се случуваат ударите, тој го снима подот. Сепак во позадина се слуша тап удар и извици не го удирај, прекини веќе!

Потоа се создава гужва околу Села и тој се изнесува во правец кој не го покрива камерата.

Извор: Фокус