Home Актуелно Кај скопско Горно Оризари најдено женско безживотно тело во црна ќеса – девојката била убиена

Кај скопско Горно Оризари најдено женско безживотно тело во црна ќеса – девојката била убиена

Вработен во скопски Комуналец вчера доцна вечерта, на пат кон село Горно Оризари, покрај патот нашол црна пластична ќеса во која имало завиткано безживотно тело на девојка.

„Вчера во 16,05 часот во СВР Скопје, машко лице пријавило дека на патот кон село Горно Оризари додека извршувал работни задачи во нива која била во близина на патот, пронашол црна вреќа во која имало човечки труп. По наредба на јавен обвинител телото е пренесено во Судска медицина за понатамошна постапка. Утврдено е дека се работи за жена“, соопштуваат од МВР.

Истрагата покажа дека девојката била убиена, ставена во црна кеса, па фрлена покрај патот. Како што дознаваме од извори од истрагата, се работи за насилна смрт, а на нејзиното тело имало повреди од удари, пренесува Мкд.мк.

Телото на починатата девојка од местото каде што било фрлено, со наредба на јавен обвинител е предадено во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје. Откако ќе биде направена обдукција, ќе се знае од што точно починала, како и дали сторителот кој што ја убил оставил траги кој можат да ги донесат надлежните до него.

Надлежните го истражуваат случајот, а откако ќе бидат завршени анализите од обдукцијата, ќе може да се соопштат повеќе детали околу насилната смрт кај девојката, како и тоа дали трагите ќе ги одведат надлежните кон можен осомничен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…