Home Актуелно Кај кичевско Кленоец исчезна двегодишно дете

Кај кичевско Кленоец исчезна двегодишно дете

Двегодишно дете од кичевско вчера исчезнало, полицијата трага по девојчето но досега не е пронајдено.Вчера околу 13 часот и 45 минути вујко заедно со двете внуки, едната на возраст од шест, а другата на возраст од две години се движеле по локалниот пат од село Кленоеци кон село Извор. 

Во близина на јарболот во село Кленоец, двегодишното девојче  кажало дека не може да оди понатаму и останала покрај патот, а вујкото со шестгодишната внука се упатил во село Извор. По еден час, кога се вратил на местото таа не била таму.

Се вратил во куќата во село Кленовец, каде, исто така, ја немало. Веднаш потоа случајот го пријавил во Полициската станица Извор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…