К-15 ќе испаднат видовити: Крушевска Македонија е на маса за наше име!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Светот, а и македонската јавност по социјалните мрежи се подбиваат со очајните напори на нашите политичари да им угодат на Грците со промена на нашето име. Она за што пред неколку години К-15 се мајтапеше, како што тргнало ќе стане наша реалност – К.У.Р. Македонија!

Имено, грчкиот весник Катимерини во електронското издание, повикувајќи се на добро информирани извори, пишува дека на преговарачка маса, освен четирите предлози на медијаторот метју Нимиц се наоѓа уште едно име, кое се уште не е објавено во јавноста, а се поврзува со Крушево.

Весникот, објаснувајќи ја местоположбата и историското значење на Крушево, наведува дека овој предлог повторно се повикува на словенското наследство на соседната земја, со што се прекинува „антиката“ наметната од како што се наведува осудениот Никола Груевски.

Во текстот „Уште едно име на масата“ се вели дека по пропаднатиот обид да се договорат за предлогот Илинденска Македонија, Атина и Скопје продолжуваат да бараат едно име за севкупна употреба и буквално и метафорички, кое ќе биде трајно решение на повеќегодишниот спор.

Официјално, на масата се четирите предлози на медијаторот Нимиц, но весникот се сомнева дека токму имињата како Нова или Горна Македонија би можеле на крајот да бидат реални потенцијални решенија, имајќи предвид дека ПЈРМ ја отфрла можноста за ерга омнес, нешто на што инсистира Атина.

Весникот пишува дека двете страни треба да направат дипломатски спринт до самитот на Европскиот совет на 28-ми јуни, а дотогаш меѓународната заедница ќе врши притисок за решавање на спорот за името во разумен временски рок.

И како за крај, да се потсетиме на легендарниот скеч на популарните К-15: