Home Спорт Јужноамерикаците имаат нова идеја: Мундијал на секои две години!?

Јужноамерикаците имаат нова идеја: Мундијал на секои две години!?

КОНМЕБОЛ испрати интересен предлог до ФИФА – да имаме Светско првенство на секои две години, а како главна причина се наведува Лигата на Нации.

Иако постоеа шпекулации дека Лигата на Нации може да се пресели и во Јужна Америка, но претседателот на КОНМЕБОЛ, Алејандро Домингез Вилсон-Смит оди чекор подалеку и предложува Мундијалот да се одржува на секои две години.

Нивното размислување е следното: Зошто да се има нетпотребна Лига на Нации кога во тоа време може да се има уште едно натпреварување на глобално ниво. Постои ли поглобално од Светското првенство!? – Секако, дека не.

Треба да се потсетиме и дека Сеп Блатер своевремено имаше слично размислувањ.е Вилсон-Смит сепак го изнесе и својот став.

„Зошто играчите да се ограничуваат на едно или две светски првенства во кариерата и така да им се одземе можноста за почесто учество во најголемото спортско случување“, смета Вилсон.

https://twitter.com/MiguelDelaney/status/1066075436793372672

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…