Јужна Кореја со победа против Португалија се пласираше во 1/8 финале – Уругвајците ги нападнаа судиите 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И денес видовме ново изненадување на Мундијалот во Катар – Уругвај и Гана си одат дома, а во осминафиналето со Португалија продолжува Јужна Кореја.

Не изгледаше дека ќе гледаме ваква драма кога Хорта погоди за Португалија после пет минути игра. Корејците до изедначување стигнаа во 27. минута преку Ким Jонг-Гвон. 1:1 беше се до самиот финиш кога Хванг Хе-Чан погоди за голема радост на Јужна Кореја.

Уругвај го одигра најдобриот натпревар во групната фаза и победи со 0:2 против Гана која денес не беше на потребното ниво. Сепак поради повеќе постигнати голови Јужна Кореја е второпласирана.

Уругвај во голема драма беше елиминиран од Светското првенство, место нив помина Јужна Кореја која славеше победа против Португалија со 2:1.

По натпреварот против Гана кој го добија со 2:0 Уругвајците беа бесни и неровозни. Очигледно имаа што да замерат и на судиит, па ги нападнаа. Најжестоки беа Едисон Кавани и Хозе Хименез, но тука беше и Годин.