Кога Ивана Кнол ќе се појави на трибините


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


30-годишната хрватска „старлета и инфлуенсерка“(ексик, си ги кажуваат овие титули како професија) Ивана Кнол деновиве е во центар на внимание во Катар каде го следи Светското првенство.

Сега на социјалните мрежи се споделува фотографија од Ивана и нејзините „скриени“ фанови кои ја насмеале јавноста.

На фотографијата се гледа како Кнол слегува по салите, а сите очи се насочени кон неа.

Најмногу внимание привлекле шеиците кои ја фотографирале ѕвездата на шампионатот со своите телефони. Фотографијата била објавена на Фејсбук, а на истата има многу коментари од оние на кои реакцијата на мажите на трибините им била урнебесна.

Инаку, Ивана на социјалните мрежи се пофалила дека луѓето ја запирале на улица за да се фотографираат со неа, а секој ден бројот на нејзините обожаватели се зголемува. Нејзината популарност се зголемила и на социјалните мрежи, па моментално на Инстаграм има 996.000 следбеници.