Јувентус потврди: Не размислуваме за Погба!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи ја исклучи можноста од враќање на Пол Погба во редовите на италијанскиот шампион.

Веќе подолго време медиумите шпекулираат дека Погба би можел да се врати во Торино, но од Јувентус тврдат дека воопшто не размислувале за таа опција.

„Ние го почитуваме, го сакаме и сме во комуникација со Погба, но во ниту еден момент не сме размислувале да го вратиме во Торино. Немаме такви амбиции и тој не е во нашите планови“, јасен беше спортскиот директор Партичи.

Погба е незадоволен од третманот што го има кај тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, па се шпекулираше за негово враќање во Јувентус.

Оваа сезона италијанскиот шампион се засили со Кристиано Роналдо, па Паратичи беше прашан дали Јувентус е прв фаворот за Лигата на шампиони.

„И до сега имавме добри резултати, два пати стигнавме до финалето. Секогаш сакаме да се подобруваме, нашата цел е да го освоиме турнирот, но тоа зависи од многу фактори“.

https://youtu.be/1Pdd5MO_42Y