Home Спорт Јунајтед ќе треба да му плати БОГАТСТВО на Жозе Мурињо

Јунајтед ќе треба да му плати БОГАТСТВО на Жозе Мурињо

Манчестер Јунајтед ќе треба да му плати голема сума на Жозе Мурињо како отштета за отказот, пренесуваат англиските медиуми.

Долго време се шпекулираше дека тоа е главната причина што Мурињо не добива отказ од „Олд Трафорд“, но денес „црвените ѓаволи“ сепак одлучија да ја прекинат соработката.

Мурињо пред само 11 месеци потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед и во него има неколку клаузули кои го штитат Португалецот во случај на отказ. Имено, Јунајтед треба да плати 18 милиони фунти доколку му врачи отказ на „Специјалнот“.

Меѓутоа, во договорот има клаузула дека „црвените ѓаволи“ ќе треба да платат додатни 5 милиони фунти доколку Мурињо добие отказ пред тимот да биде елиминиран од Лигата на шампиони.

Тоа значи дека Манчестер Јунајтед ќе треба да му исплати на Мурињо вкупно 23 милиони фунти како отштета поради отказот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…