Ју Исен се жали: Ова не е фер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познатата бразилска манекенка и инфлуенсерка Ју Исен се жали во јавност поради тоа што, како што тврди, апликациите за запознавање ја одбиваат поради тоа што е многу убава.

Иако многу жени прибегнуваат кон социјалните мрежи за да запознаат некого, таа била спречена бидејќи нејзината сметка на една апликација за запознавање била целосно блокирана. Сакајќи да провери што е проблемот, таа ги следела упатствата на апликацијата и сфатила дека нејзината сметка е блокирана бидејќи луѓето пријавиле дека е лажна.

Ју Исен тврди дека апликациите за запознавање ја одбиваат и ѝ испраќаат соопштение дека не може да се најави бидејќи изгледа „нереално“ или „премногу познато“. Освен тоа таа секојдневно добива пораки од мажи кои прашуваат „дали е вистинска“. Во прилог на тој факт оди и информацијата дека за тоа таа се погрижила на вистински начин.

Имено, сакајќи драстично да го промени својот изглед и да изгледа убаво, Ју Исен потрошила околу 84.000 долари на пластични операции. Но, иако многумина би помислиле дека на љубовен план ѝ „цветаат рози“ и дека сите ѝ се восхитуваат, сепак тоа не е така.