Home Актуелно Јовановски во „Рекет“: Со Рускоска во 1ТВ сме пиеле и кафе, но и алкохол кај мене во канцеларија

Јовановски во „Рекет“: Со Рускоска во 1ТВ сме пиеле и кафе, но и алкохол кај мене во канцеларија

На денешното судско рочиште за случајот „Рекет“, обвинетиот Бојан Јовановски ја дава својата одбрана во случајот рекет. Тој на пултот за сведоци кажа дека во телевизијата 1ТВ тој лично договарал гости во емисиите.

„Јас го договорив првото гостување на обвинителката Вилма Русковска во медиумот со кој раководев“, сведочеше на денешното судење за Рекет обвинетиот Бојан Јовановски. Додаде дека потоа уште неколку пати се среќавал со Русковска во 1ТВ, како што рече во четири очи и додаде дека разговорот се водел со чашка алкохол, ама тој не пиел.

Пред судот Јовановски рече дека никогаш не се мешал во уредувачката политика на телевизијата и затоа било потребно судот да прифати да ги повика за сведоци уредниците од 1ТВ.

Додаде дека медиумот имал и многубројни деловни договори за рекламирање, меѓу нив и компанијата на како што рече Јовановски, жртвата и сведокот во Рекет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…