Home Спорт Јоаким Лев останува селектор и после дебаклот на Германија

Јоаким Лев останува селектор и после дебаклот на Германија

Германската репрезентација доживеа дебакл на Светското првенство во Русија и заврши на последно место во групата со Мексико, Шведска и Јужна Кореја.

Целата нација со право е разочарана од настапот на „панцирите“, но генералниот менаџер на репрезентацијата Оливер Бириф потврди дека Јоаким Лев ќе остане на селекторското место.

„Сите сме разочарани. Чувствуваме огромна фрустрација. Ја имавме судбината во своите раце и покрај лошиот старт на Мундијалот. Видливо е дека нешто не направивме како што треба и тоа експесно треба да го најдеме и да го санираме. Целата нација има право да биде разочарана за овој дебакл“, изјави Бироф.

„Јоаким неодамна потпиша нов договор и претпоставувам дека тој ќе ја продолжи својата работа. Гледате дека и другите фаворити се мачат. Сепак, сметам дека премалку прикажавме“, додаде Бироф.

Ова е најслаб настап на Германија на едно Светско првенство, па германската јавност бара смена на селекторот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…