Јавноста, сепак, нема да ја види целата снимка од случајот „Поткуп“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На денешното ново рочиште од случајот „Поткуп“ кој се води против премиерот Заев во кој тој се терети за примање мито, во скопска „Единица“, јавноста нема да присуствува на прегледувањето на целата снимка од случајот.

Судии од Апелацискиот суд Скопје ја прифатија жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, и според оваа одлука снимката за „Поткуп” ќе се гледа без присуство на јавноста.

Претходно, Заев бараше снимката да се гледа со присуство на јавноста.

Заев во случајот „Поткуп” е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.