Home Актуелно Јавните претпријатија должат милиони: Македонија пат и Македонски шуми редовни должници во УЈП

Јавните претпријатија должат милиони: Македонија пат и Македонски шуми редовни должници во УЈП

Јавните претпријатија Македонија пат, Ј.П. за стопанисување со објекти за спорт, Македонска радиодифузија, Македонски шуми, Водовод и канализација, остануваат редовни должници кон Управата за јавни приходи.

УЈП објави нова листа на должници која опфаќа физички и правни лица со долгови доспеани до 31.12.2016 година и неплатени до 31.03.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Од јавните претпријатија кои се најдоа на оваа листа, најголем долг кој изнесува 6.9 милиони евра има Македонија пат кој е втор на листата на должници на УЈП. Прв на листата е акционерското друштво Отекс од Охрид чиј вкупен долг изнесува 11.1 милион евра.

Од листата, физичко лице со најголем долг кон УЈП е кумановец со вкупен долг од 1.8 милиони евра.

Од вкупниот број должници 3120 се фирми и компании, а 1120 се физички лица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…