Home Актуелно „Јавна соба“ конечно исклучена – засега уапсени четири лица поврзани со неа

„Јавна соба“ конечно исклучена – засега уапсени четири лица поврзани со неа

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека групата „Јавна соба“ на апликацијата Телеграм е исклучена. Но, Спасовски апелираше на внимателност кај корисниците на социјалните мрежи, бидејќи на Телеграм имало друга слична група.

„Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ме информираа дека групата „Јавна соба“ е затворена. Го поздравувам ваквиот чекор на платформата Телеграм и порачувам дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети бидејќи ние целосно ги документираме случаите. Истовремено, апелирам за внимателност бидејќи на платформата Телеграм има и друга слична група и ние соодветно ќе постапиме и за членовите на оваа група. Сите што го кршат законот соодветно ќе одговараат“, напиша Спасовски на Фејсбук.

Претходно, тој објави дека денеска се приведени вкупно четири лица, двајца од Битола и по еден од Велес и Штип, директни учесници во Јавна соба на Телеграм.

За случајот денеска се огласи и премиерот Зоран Заев, кој кажа дека доколку апликацијата Телеграм не го затвори каналот Јавна соба каде се споделува порнографска и приватна содржина од наши граѓани, како и детска порнографија, ќе ја разгледаат и опцијата за блокирање или рестрикција на користењето на оваа апликација во земјава.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…