Home Актуелно Јанкулоска и Мијалков денес на обвинителна клупа за незаконското прислушување

Јанкулоска и Мијалков денес на обвинителна клупа за незаконското прислушување

Бившиот прв човек на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска се на суд како обвинети за случајот со незаконското прислушување. Во оваа постапка обвинети се уште три лица. Предметот ќе го води судијката Ленка Давиткова.

Во споениот предмет „Таргет – Тврдина” обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков и шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски.

Тие се товарат за незаконското прислушување, што пред две години го разоткри лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…