Макрон ѝ донесе на Франција престижно признание „Земја на годината“ според „Економист“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Франција е прогласена за „Земја на годината“ за 2017 годна, според списанието „Економист“. Тоа признание оваа европска држава го доби поради изборот на Емануел Макрон за претседател, кој што го победи стариот режим.

„Франција ги демантира очекувањата“, забележува влијателното британско издание во редакцискиот коментар. Во него се потсетува како поранешниот банкар победи на изборите, а неговата партија опишана како дебитант во политиката, ја победи старата гарда на парламентарните избори.

Макрон ја победи ултра-националистката Марин Ле Пен, која според „Економист“ ќе ја уништела ЕУ доколку била избрана за претседателка.

Тие сметаат дека новиот француски претседател, со предложените реформи, како онаа за пофлексибилен пазар на труд, ја трансформирал националната политика и дал надеж на оние кои мислат дека поделбата на „лево и десно“ е помалку важна од отвореноста и изолацијата.

Макрон го промени имиџот на Франција, која што изгледаше непопустлива кон реформите, заглавена меѓу склерозата и ксенофобијата, пишува во „Економист“.

Како одлични оваа година се оценети и Бангладеш, бидејќи ги примиле бегалците Рохинџи од Мјанмар, Аргентина поради изборот на Маурисио Макри за нов претседател и Јужна Кореја за политичките реформи направени против заканите од Северна Кореја.

Оваа награда списанието „Економист“ ја доделува од 2013 годиан на држава која направила најдобри промени или го направила светот подобар во изминатите 12 месеци.