Вебкафе

Ја затекна пијана во кревет со друг – опна селфи со нив и брутално ѝ се одмаздио

Дечко од Тексас ја затекна својата девојка, пијана, како спие во кревет со друг маж, но наместо да прави драматични сцени и кавги на лице место, сета ситуација ја фати со мобилниот и ја објави на Фејсбук.

Дастон Холовеј од градот Емори, влезе во спалната соба и ја затекна својата девојка, пијана, како спие покрај друг тип во креветот. „Кога доаѓаш дома и ја наоѓаш драгата со друг маж. Добрите луѓе заслужуваат добри девојки“, напиша тој и додаде емотикон за знак за мир.

тип.dusto3_-1.jpg” alt=”” width=”625″ height=”653″ />

„Дури се обидов и да ја разбудам“, призна тој, но објасни дека била „пијана како дроља“, па не успеал во тоа. Наместо тоа, опнал едно селфи со нив, а неговите фотографии станаа вирален хит на интернет и типот добива поддршка од сите страни.

„Си испаднал поголем карактер“, му порачаа, а тој возврати со заблагодарување за поддршката. Кажа дека му било тешко, но благодарение на илјадници пораки со поддршка чувствува оти „светот, сепак, не е толку лош како што мислиме“.

Advertisements
To Top