В сабота оди во историјата: По 18 години издавање згаснува Утрински весник


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По 18 години во сабота ќе излезе последниот број на Утрински весник. Вчера во редакцијата пристигала наредба од менаџментот наскоро да ги напуштат канцелариите во ТЦ Зебра и да се преселат во дирекцијата на Технометал .

Љубиша Станковиќ, долгогодишен новинар и актуелен претседател на синдикатот напиша:

„После цели 18 години, благодарение на лошото менаџирање на Срѓан Керим, во сабота, ќе згасне Утрински весник’ Треба да се запамети името на оној кој ќе го погребе весникот!“.

Сопственик на весниците Утрински, Дневник и Вест беше германската компанија ВАЦ, а подоцна фирмата Медиа Принт Македонија (МПМ) стана главен сопственик.

Со образложение дека е лоша финансиската состојба, тројцата косопственици на МПМ се разделија и единствен менаџер остана Срѓан Керим.