Ја викаат „португалска галија“ и е едно од најотровните морски животни


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На италијанската страна од Јадранското Море, во областа Пулиа која се наоѓа меѓу Пескара и Бари, пронајдена е т.н. португалска галија, морско животно кое спаѓа во групата најотровни морски жители.

Животното со латинско име Physalia physalis, кое спаѓа во групата медузи. Живе на површината на водата и достигнува големина од 18 до 30 сантиметри. Убодот предизвикува силна болка, може да доведе со срцев удар и до смрт.

Научниците ги опоменуваат сите што ќе го видат ова животно , да бегаат што подалеку. Проблемот е во тоа што изгледа атрактивно и луѓето ги привлекува со раскошните бои, особено децата. Пред неколку години во Италија е забележан и смртен случај на жена, која го допирала животното.

До сега ова животно било забележано долж шпанскиот брег и во Франција , а сега се појавува во источните води на Италија. Според научниците , за последните десет години , борјот на овие животни е десетпати зголемен.