Ја изневерил бившата? – Запрашајте се овие 4 работи пред да се впуштите во врска со него


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На своите грешки поради кои жалиме, најмногу и учиме. Еден од пропустите кои можат да се случат е во врска во неверството од кои најмногу страда едната страна. За да не ви се случи и вам, запрашајте се за следните неколку работи пред да одлучите да бидете во врска со личност кој ја изневерил својата бивша девојка.

Сите грешиме, но важно е дали жалиме за таквите грешки и што од нив сме научиле. Планирате да се впуштите во врска со личност кој го изневерил својот некогашен партнер, бидете внимателни. Ако ја изневерил бившата, логично и оправдано е да се запрашате дали и вас ќе ве изневери. Затоа, пред да одлучите, поставете му неколку прашања, за да добиете увид во тоа како ќе се однесува со вас и има ли вашата врска светла иднина.

Дали сам го признал неверството или дознавте сосема случајно?

Ако одлучил да биде искрен со вас и да ви го признае не толку блескавото минато, тогаш дефинитивно тоа е добар знак. Тоа значи дека е свесен за грешката која лесно може да ја задржи за себе. Искреноста треба да се почитува, без оглед на тоа што направил во минатото. Но, ако сте дознале за неговото неверство сосема случајно, тогаш добро размислете дали сакате да имате подлабок однос со таква личност.

Ви се чини дека навистина искрено жали за својата грешка?

Кога неверството е во прашање, предвид треба да се земе секој детал. Обрнете внимание на тоа дали признава дека неверството било исклучиво негова одлука или вината за тоа ја префрла на девојката со која бил во врска. Ако презема одговорност и искрено жали што ја повредил својата бивша, тогаш научил нешто за конструктивните решавања на проблемите во врската.

Имате ли чувство дека и натаму можете да му верувате?

Иако собрал храброст и ви ја признал грешката која се случила во претходната врска, тешко е да се има доверба во таква личност. Иако веруваме во втора шанса, секогаш е присутна онаа трошка сомнеж. Довербата е чувствителна тема, па затоа е важно да се преиспитате самите себеси како навистина се чувствувате поради неговите постапки во минатото. Ако ви дал доволно цврсти и уверливи причини за да му верувате дека се променил, тогаш можеби и треба да го послушате. Но, ако мислите дека нема да можете да имате доверба во него, тогаш подборо не влегувајте во врска која однапред е осудена на пропаст.

Дали научил на своите грешки?

Внимателно слушајте се што ви зборува другата личност и поставувајте му разни прашања што повеќе ако е можно, за да дознаете дали научил на своите грешки. Иако нема исправен одговор, слушајте ја својата интуиција. Подобро секој да тргне по својот пат, отколку да завршите во несреќна врска.