Ја избркале од супермаркет поради тоа што (не) го носи на неа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


21-годишната OnlyFans девојка Керолај Чевс ја туркала количката низ супермаркетот за да купи бисквити (с)облечена во куси тексас шорцеви, бел кроп и апостолки.

Но, Чевс која за себе тврди дека е „последната девица на OnlyFans“, набрзо била исфрлена од продавница во нејзиниот роден град Бело Хоризонте во Бразил, бидејќи нејзината облека „открива премногу“.

– Само што дојдов од супермаркет, каде ме малтретираа затоа што носев „прекратка облека“ – им порача на Инстаграм на своите 435.000 следбеници.

– Некои ме гледаа со предрасуди, други ме пцуеја и на крајот ме исфрлија од продавница. Мислам дека е апсурдно што нас жените сè уште нè третираат така само затоа што се облекуваме како што сакаме – изјавила Чавес и додала дека „и било жешко“.

Понатаму, 21-годишната девојка рече дека се чувствува навредена од непотребната омраза што ја „добила на интернет и во продавницата“.

– Мислам дека сите овие навреди имаат врска со „фобијата од убави жени“ со која се соочувам секој ден – напишала ѕвездата на OnlyFans. Исто така, инцидентот ги шокирал фановите, но не сите се согласија со манекенката и ѝ порачаа дека „нема потреба да оди така облечена во продавница“. Исто така, ѝ било кажано дека има „луѓе со деца на кои не би им се допаднало нејзиното разголување“.