Home Шоубизнис Ја фрли во сенка со еден потег: Војвотката Кејт доби „двојка“ од малиот фраер

Ја фрли во сенка со еден потег: Војвотката Кејт доби „двојка“ од малиот фраер

Војвотката Кејт Мидлтон ги посети дечињата кои настрадаа во пеколниот пожар во кулата Гренфел, кој однесе 71 живот.

Војвотката учествуваше во подготовката на божиќните украси и подароци со клинците, а камерите ја забележаа нејзината средба со дечињата Јахја и Дауд, кои беа повредени во пожарот.

Јахја сигурно ќе го памети овој ден, бидејќи стана ѕвезда во британските медиуми на оваа средба. Малиот фраер, наместо да ја поздрави војвотката со пружање рака, позираше правејќи со раката знак за мир (peace).

Веројатно кога ќе порасне ќе му биде мило што испаднал фраерче уште на мали години, особено затоа што поголемото момче до него круто гледа во идната британска кралица.

Не постојат обврзни начини на поздравување со членовите од кралското семејство, но мажите обично пред нив суптилно ја поднаведнуваат главата, а жените елегантно се поклонуваат со потклекнување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…